fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да одговори за скандалите со кириите

-

Петре Шилегов да излезе и да одговори барем на едно од прашањата што се поврзуваат за неговото име, повикаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Еве, на пример, го повикуваме Шилегов, кога веќе молчи за закупнината од 700 евра што ја добива месечно за имот кој не постои, да одговори за скандалот со четирите фирми пријавени на неговиот стан на булеварот Кузман Јосифоски Питу бр. 19/5-4 во Скопје. Особено е сомнително што две од овие фирми, сместени во неговиот стан, се во сопственост на лица од Словенија и од Абу Даби, а притоа Шилегов нема доставено договори за закупнина ниту открива колку кирија му плаѓаат ови две фирми – изјави на денешната прес-конференција Александар Стојкоски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат која е вистинската дејност на овие две фирми, кои се пријавени во станот на Шилегов?

Од СДСМ возвратија со соопштеие во кое прашуваат зошто Груевски Ставрески и Јанакиески не сакаат лично од Петре Шилегов пред целата јавност во Македонија да ги добијат одговорите на прашањата со кои манипулираат по прес-конференции?

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...