четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Шилегов | 31 резултати

По пожарите во скопско, Градот ветува нови пожарникари и нови возила

20 август 2019

Нови возила за гаснење пожари, противпожарни скали и нови вработувања во Противпожарната бригада на Град Скопје вети денес скопскиот градоначалник Петре Шилегов, најавувајќи дека е веќе почната постапка за набавките. Тој призна дека градот има недоволен број на професионалци пожарникари и дека од 2005 година наваму, пожарникарите кои заминувале во пензија не биле заменувани со […]

Шилегов: Отпадот од нивите бесплатно ќе го отстрануваме, прекршителите ќе се ловат со дрон

20 август 2019

Граѓаните ќе можат за гранките, сувите треви, плевелите и за другиот отпад кои досега ги палеле бидејќи немало друг начин да се ослободат од него, да се обратат до Градот Скопје за да се тргне од нивните ниви, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој истакна дека од денес па до 30 […]

Лабораторијата на МЖСПП е неопремена и неакредитирана ама зафатена со годишни одмори

14 август 2019

Со намера да ја посети лабораторијата на Министерство за животна средина и просторно планирање за да пишува за тоа како функционира овој сегмент од витално значење за следењето на нивоата на загадување во државата и со кои проблеми се соочува, „Мета“ пред дваесетина дена се обрати до надлежните во Министерството, но барањето беше одбиено, односно […]

Шилегов ветува дека годинава ќе се реализираат зелените коридори на Серава и Лепенец

13 август 2019

Ќе добие ли Скопје конечно зелени коридори кои ги ветуваше актуелната и претходните градски власти, како еден од предусловите за подобрување на квалитетот на воздухот во скопската котлина или тие и понатаму ќе собираат прашина заедно со бројните развојни студии на градот низ децениите? Студијата за воспоставување на зелените коридори, изработена по барање на претходната […]

Шилегов: До крајот на годинава ќе ги слободиме сите заробени дрвја

23 јули 2019

Градот Скопје во соработка со скопските општини изведува акција за масовно „ослободување“ на дрвја чиишто стебла и корења останале зарорбени во бетон и асфалт поради непрописно изведени градежни активности на улици, тротоари и објекти. До крајот на годината ќе направиме напор сите дрвја кои се означени како „заробени“ да ги ослободиме, изјави денес на прес-конференција […]

Маја Морачанин: Довербата ќе ја вратиме со квалитетни мерки и со транспарентност

2 јануари 2019

Со претседателката на ДОМ и пратеничка во македонското Собрание, Маја Морачанин, разговаравме за тоа колку се квалитетни мерките на Владата во Планот за чист воздух, за начините како да се врати загубената доверба на граѓаните кон државата кога е во прашање аерозагадувањето и за првите значајни чекори на Македонија за трансфер кон еколошки и обновливи енергенси. Има ли Владата […]

Се гради гасоводот преку Водно, екологистите немоќни да ги спречат багерите

15 октомври 2018

Багерите ангажирани од Македонски енергетски ресурси (МЕР) денеска интензивно работеа на пробивање на трасата на гасоводот преку Водно на потегот над селото Шишево, информираат активистите на „Го сакам Водно“, кои беа присутни на лице место. – Соочени сме со очигледно самоволно донесена одлука на власта да ја продолжи изградбата на гасоводот преку Водно по секоја […]

Се доцни со законот за Водно, УНДП ќе помага со експертиза

8 октомври 2018

УНДП – Агенцијата за развој на Обединетитие нации – ќе учествува со своја експертиза во изготвувањето на закон за заштита на парк-шумата Водно, со што треба да се заокружи заштитата на ова подрачје од витално значење за град Скопје. Тие, исто така, на своја иницијатива, ќе учествуваат во подготвувањето на закон за заштита на пределот […]

Шилегов: Јас сум им гарант на Скопјани – самоволие на Водно нема да има!

23 септември 2018

Додека стојат багерите на Водно и траат преговорите со екологистите околу гасоводната траса, Градот веќе ги доби ветените 3 милиони евра за враќање на зеленилото на Водно, но и за најавените зелени коридори на Серава, Лепенец и Скопска Црна Гора од државата.Дали екологистите ја загубија битката за Водно? Комплетно застанавте зад изградбата на трасата на […]

Прекината изградбата на гасоводот на Водно, Шилегов повика на дебата в понеделник

31 август 2018

Градоначалникот на Скопје,Петре Шилегов, денеска информираше дека се прекинати сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно сè до завршување на процесот на дијалог и дебата. Тој ги повика претставниците на надлежните државни органи, како и претставниците на граѓанските здруженија на дебата в понеделник во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје. […]

Шилегов: Проблемот со комарците е поради лошото време, но интензивно реагиравме

14 август 2018

Неповолното време го создаде проблемот со комарците, но интензивно реагиравме, порача скопскиот градоначалник Петре Шилегов, уверувајќи дека средството кое се користи при прскањето на комарците во главниот град не влијае на здравјето на луѓето. – Препаратот кој го користевме годинава не влијае врз општото здравје на луѓето и малку или минимално влијае на остатокот од […]

Од денеска јавниот превоз во Скопје е бесплатен

27 декември 2017

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави мерки за намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои е и бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и на приватните превозници почнувајќи од денеска, како и прекин на градежните активности на градилиштата под надлежност на Град Скопје. Истовремено, ќе се ограничи обуката од автошколите, а ќе се врши и засилен […]

Шилегов: Неделава консултации за продолжување на конститутивната седница, потоа предлог до Иванов

13 март 2017

„Ѓорге Иванов и Никола Груевски се единствените пречки за формирање нова влада. Иванов со одолговлекувањето да го даде мандатот за влада, го штити Никола Груевски и криминалното раководство од волјата на мнозинството граѓани, односно нова реформска влада“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е ставот на СДСМ […]

Шилегов: Судот сака да ни ги даде уверенијата за неосудуваност четири дена по рокот

8 ноември 2016

„ВМРО- ДПМНЕ и Никола Груевски се сериозно исплашени од историските листи на СДСМ. Немајќи соодветен одговор на нашата понуда, тие преку нивниот послушник Владимир Панчевски го опструираат изборниот процес“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој потсети дека во согласност со Изборниот законик, кандидатите за пратеници до Државната изборна комисија треба да поднесат уверение од […]

Шилегов: Груевски лаже и не сака да преговара

14 јуни 2016

Партиите и понатаму тактизираат и се натегаат околу одржувањето нова рунда лидерски средби, на кои би се договарале идните чекори за расплет на кризата и, евентуално, нов рок за изборите. Во таа насока се и најновите изјави на претставниците на партиите, кои се движат од „треба да се почне“ до „нема потреба од средба“, како […]

Шилегов: Претепан претседателот на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ

8 мај 2015

„Синоќа е претепан претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. Околу полноќ кога Богдановиќ излегувал од својот автомобил, во зградата во која престојува, две лица со црни маски веднаш го нападнале со метални прачки и го претепале“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. – Настанот се случил пред неколку очевидци и […]

Шилегов: Целата операција е смислена во домот на Никола Груевски

6 мај 2015

Најостро ја осудуваме нарачаната бруталност и пречекорувањето на овластувањата на полициските структури на Никола Груевски и на Сашо Мијалков врз граѓаните на Република Македонија, не само на ова место пред Владата, туку и низ целиот град, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Според него, очигледно било дека неколку минути пред 22 часот, власта […]

Шилегов: Зошто Груевски се интересира за сопственост на офшор-фирми од Белизе и од Лугано?

17 март 2015

Никола Груевски вчера се сокри зад соопштение во кое се правда дека имотот на негово име бил пријавен во анкетниот лист, истакна на денешната прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. – Но, Груевски не кажа, а има должност да објасни на граѓаните, зошто од позиција на премиер, хистерично се интересира за сопственост на офшор-фирми од Белизе и […]

Нова медиумска стратегија на СДСМ: Шекеринска во прв план, Заев ќе одмори од живи ТВ-настапи

17 март 2015

По гостувањето на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во емисијата „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“ и по неколкудневното отсуство на Зоран Заев од медиумски настапи во директно пренесувани програми, се отвори темата за нова стратегија на оваа опозициска партија. Како што се дознава неофицијално, раководството на СДСМ одлучило лидерот на партијата, Зоран Заев, да одмори од настапи по медиумите […]

Шилегов за митингот на ВМРО-ДПМНЕ: Не е до големината!

13 март 2015

По најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи трибина в недела, во салата „Борис Трајковски“, на својот фејсбук-профил реагираше портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов: „И сега Груевски ќе држел трибина во салата „Борис Трајковски“. Веројатно сака да покаже дека може поголема трибина да направи. А бре будалче (што би рекол народот), ако сакаме, стадионот ќе го наполниме за еден […]

Страна 1 од 2