fbpx

Пендаровски очекува отворање на преговорите во текот на хрватското претседателство со ЕУ

-

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими пратениците во Европскиот парламент, Дачиан Чолош, претседател на парламентарната група „Renew Europe“ и Илхан Кјучук, известувач за Македонија и член на парламентарната група Renew Europe“.

„Претседателот го реафирмираше очекувањето на државата дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена во текот на март, со што би се отворила можноста за отворање на пристапните преговори за членство во текот на хрватското претседателство со Унијата,“ информираат од Кабинетот на претседателот.

Пендаровски ја истакнал важноста на принципиелната поддршка од Европскиот парламент за процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и одржувањето на прашањето на агендата. На средбата биле разменети мислења и за актуелните случувања во Македонија, во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...