Кинеските работници на „Синохидро“ се ставени под надзор и се без симптоми на корона вирусот

-

Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје денеска информираше дека вчера во државата се пристигнати две лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“. Станува збор за лица кои веќе биле во самоизолација во времетраење од 14 дена во Кина.

– Со полна заштитна опрема заедно со двајца лаборанти од одделението за вирусологија ги пречекавме двете лица на аеродромот, постапивме согласно сите критериуми за спроведување епидемиолошки надзор. Разговаравме за нивната здравствена состојба. За периодот од 14 дена додека биле во самоизолација овие лица немале никакви знаци на зараза – истакна Караџоски.

Согласно протоколите, двете лица се ставени под здравствен надзор од 14 дена во соба за изолација.

– Сите лица кои ќе пристигнуваат од Кина, ќе бидат спроведени во соба за изолација и ќе им се земат соодветни материјали за микробиолошки анализи и брисеви, врз основа на кои ќе се дијагностицира евентуално присуство на корона вирусот, и ќе бидат поставени во 14-дневен надзор согласно законските регулативи и прописи – додаде Караџоски.

Нула толеранција за напади врз новинарите: насилниците мора да одговараат

Сериозни напади врз новинарите, решавање на нерешените случаи на напади врз медиумските работници, заштитата на јавниот интерес преку слободата на говор, транспарентноста на надлежните институции и соработката помеѓу еснафските...