fbpx

Лизгалиштето во Тетово некој го запалил пред да биде пуштено во употреба

-

На крајот на декември, на тетовскиот плоштад беше поставено лизгалиште, кое требаше да биде пуштено во употреба на 3 јануари, веднаш по Нова година. Сепак, тоа не се случи бидејќи во новогодишната ноќ, некои граѓани, сè уште непознати за релевантните институции, го оштетиле истото на неколку места, со што се спречи пуштањето на лизгалиштето во функција во планираниот рок, пишува „Порталб.мк“.

Додека од Агенцијата за млади и спорт изразија загриженост и истакнаа дека заштитата на лизгалиштето е во надлежност на Општина Тетово, овие вторите го негираат тоа и додаваат дека надлежни за заштита на лизгалиштето биле органите на редот и за спроведување на законот.

Од друга страна, Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, посочува дека немаат добиено никакво барање од Општина Тетово за заштита на лизгалиштето, и дека овој сектор не бил надлежен за заштита на истото.

„На 1 јануари, околу 15 часот, беше пријавено дека при употреба на пиротехнички средства избувнал пожар при што бил оштетен дел од оградата на лизгалиштето за забава, лоцирана во плоштад. Лизгалиштето требало да биде заштитено од некој, но до нас немаше никакво барање за заштита и немавме овластување да испратиме некого да го заштити“, рече Фатмир Реџепи од Секторот за внатрешни работи (СВР), Тетово.

Инаку, Агенцијата за млади и спорт има потпишано договор со австриска компанија за монтирање и расклопување на седум забавни лизгалишта во седум општини на државата. Овој проект чини 227 илјади евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...