fbpx

Фактоје: Во мировните мисии надвор од Албанија нема 14 проценти жени

-

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје“, неодамна (20.11.2019) ја aнализираше изјавата на министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка, во која таа тврди дека има зголемување на бројот на жени не само во политиката, туку и во други важни области.

Според проверката на „Фактоје”, изјавата на министерската дека „како никогаш порано, 14 % од персоналот во мисиите надвор од државата се жени“, е невистина. Имено, според изворите од Министерството за одбрана на Албанија, а и по пресметката на „Фактоје”, во последните две години процентот на жени кои учествувале во мировните мисии во најдобар случај не надминува 5% .

Од направената проверката на „Фактоје” констатира дека наведениот процент на жените кои учествуваат во мировните мисии во странство (14%) не се совпаѓа со оној во реалноста, па изјавата на министерката за одбрана Џачка ја оцени како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...