fbpx

Велес вторпат ќе ја носи титулата „Град на културата“

-

Велес ќе биде Град на културата за 2015 година. Општината вторпат ја добива оваа титула, која Министерството за култура ја доделува 12 години. На конкурсот за 2015 година, стигнале пријави и од Неготино и од Струмица, а Велес бил едногласно избран од комисијата.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција рече дека од Општина Велес примиле комплексна програма со повеќе од 200 настани и со 67 манифестации од различни дејности, сите со точно одредени термини на одржување.

– Велес вторпат го добива приматот и го заслужува овој престижен статус. Сите инвестициски зафати што ги реализираа и Владата и Општината, ќе дадат огромна можност за реализација на голем број активности од програмата со која Велес конкурираше. Таа е целосно осмислена и конципирана, со крупни настани и со точни термини – рече Канческа-Милевска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...