Со ребалансот на буџетот за 2019 година, Владата ќе издвои 183 милиони денари за колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно барањата на УНЕСКО, но и потребите за заштита на езерото.
На почетокот на ова лето премиерот Зоран Заев најави реконструкција и доградбата на колекторскиот систем и за таа цел е формирано државното претпријатие „Колектор“.
Санацијата на колекторскиот систем во Охрид треба да започне на крајот на годинава. Од владата ветија дека ќе се поправат сите пумптни и пречистителни станици, со што ќе се спречат еколошките хаварии кои му се случуваат на Охридското Eзеро со години наназад.
Искористена е старата физибилити студија за реконструкција и санација, но зафатот ќе чини многу помалку пари, кои веќе се обезбедија со ребалансот на буџетот. До март се очекува конечно коекторскиот систем да биде функционален и да одговори на својата намена заштита на Охридското Езеро од загадување.
Нефункционалноста на колекторскиот систем е рак-рана на Охридското Eзеро. Од владата најавија комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во Охрид и Струга, со цел да се спречи излевањето и поплавувањето на градските улици.
За таа цел и беше формирано државното јавно претпријатие „Колектор“ кое го презема колекторскиот систем со сите натрупани обврски и проблеми. Претрпијатието е регистрирано со седиште во Скопје и во иднина ќе презема обврски на ниво на државата.