fbpx

Скопје се задушува во загаден воздух

-

Големо загадување на воздухот и високо ниво на канцерогените ПМ10-честички во 13 часот е забележано на сите мерни станици во Скопје, каде количеството на овие честички изнесува 465 микрограми на еден кубен метар, што е за повеќе од деветпати од дозволените 50 микрограми.

Многу високо ниво на ПМ10-честичките, освен во скопските општини Центар, Лисиче, Гази Баба и на мерната станица Ректорат, се забележува и во Миладиновци, Тетово и во Велес. Инструментот за мерење на овие честички во општина Карпош сè уште е надвор од употреба, а за инструментите во Битола нема податоци. Во Кичево и во Кавадарци има високо ниво на ПМ-10 честичките, а во Кочани средно ниво. Во Лисиче, исто како вчера, се забележува и високо ниво на јаглероден моноксид во воздухот.

Синоќа најголем степен на загаденост беше забележана во 1 часот во полноќ кога мерната станицаа во Лисиче покажа концентрација на ПМ-честичките од речси 1.000 микрограми на еден кубен метар, што е за 20 пати повеќе од дозволеното, а мерната станица во Гази Баба 800 микрограми, што е 16 пати над дозволеното.

Големо загадување на воздухот се забележува веќе три дена. Во случај на надминување на прагот од 50 микрограми на еден кубен метар на ПМ10-честички и во наредните два дена, Министереството за животна средина и просторно планирање издава предупредување да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на простории да не се користи каков било синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...