fbpx

Полицијата повторно интервенираше во преполниот автобус Скопје – Гостивар

Автобусот бил сопрен од полицијата во населбата Ѓорче Петров во Скопје, и по инспекцијата која траела околу 20 минути, вишокот патници биле принудени да се симнат, а полицијата побарала од компанијата да прати друг автобус

-

Се повторува историјата на преоптоварените автобуси. Автобус на “Еуро турист” – Гостивар, денеска повторно качил 15 патници повеќе од дозволениот број, кои патуваа од Скопје за Гостивар, пренесува „Порталб.мк.

Според „Порталб.мк“, автобусот бил сопрен од полицијата во населбата Ѓорче Петров во Скопје и по инспекцијата која траела околу 20 минути, вишокот патници биле принудени да се симнат, а полицијата побарала од компанијата да прати друг автобус.

По околу половина час пристигнал друг автобус на истата компанија, ги земал патниците кои биле симнати и се упатил кон Тетово.

 

За сличен случај, „Порталб“ извести пред само еден месец со истата превозна компанија која само два дена по известувањето беше санкционирана од МВР.

Граѓаните во случај да се соочат со слични проблеми, случајот можат да го пријават во полиција на бројот 192.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...