fbpx

Анѓушев: До крајот на мандатот на оваа влада, ќе се инвестира во Попова Шапка

-

На денешната прес-конференција, заменик-премиерот Анѓушев вети дека до крајот на мандатот на оваа влада ќе се знае судбината на Попова Шапка и ќе се најде инвеститор за реализација на истата, извести „Порталб“.

-За време на мандатот на оваа влада, ако ништо друго, јас сум оптимист дека барем ќе најдеме инвеститор за тоа да се случи. Иако центар, како овој, не се гради преку ноќ, туку ќе бидат потребни неколку години за да се заврши – рече Анѓушев.

Тој информираше дека Владата побарала од Светска банка во плановите за помош да го има предвид и овој зимски центар.

– Во рамки на ИПА 2 проектот, програма за помош и поддршка од Европската унија за нашата земја, постои проект за туризам. Побаравме од Светска банка, која го спроведува овој проект,да ја земе оваа инвестиција во предвид. Очекуваме одговори од нив и верувам дека одговорот ќе биде позитивен – рече Анѓушев.

Тој рече дека владата со кофинансирање од 15 отсто и грант од 85 отсто ќе инвестира во инфраструктурата и во оваа фаза, пред да се отвори каков било тендер за Попова Шапка.

Од друга страна, повеќе од пет месеци, секој проблем на Попова Шапка ја чека физибилити студијата од EЛЕM. Сепак, и покрај ветувањата на ЕЛЕМ дека тендерот за компанијата што ќе ја спроведе оваа анализа ќе се отвори во март, тој сè уште не е распишан.

Неколку протести пред неколку месеци се одржаа во Тетово, со барање компанијата која управува со Попова Шапка ЕЛЕМ ТУРС да се откаже од неа. Демонстрантите го повикаа премиерот Заев да ја посети Попова Шапка за да ги види проблемите одблиску, но оваа посета сè уште не е реализирана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...