Летонскиот министер за надворешни работи, Едгард Ринкевичс, вчера на „Твитер“ обелодени дека е хомосексуалец.
„Со гордост објавувам дека сум геј… Со среќа на сите“, напиша Ринкевичс.
Министерството за надворешни работи на Летонија ја потврди автентичноста на твитот.
Летонија е една од ретките европски земји во која уставните амандмани го забрануваат истополовиот брак. Парламентот на оваа земја во ноември го усвои и законот за забрана во училиштата да се предава дека браковите на хомосексуалните двојки се еднакви со традиционалните.
Летонија подготвува и закон, скроен по примерот на Русија, со кој се забранува „геј-пропаганда“, поради што објавата на министерот, според медиумите, се смета за силна политичка порака.