fbpx

Од „Комунална хигиена“ апелираат градежниот отпад да не се одлага во контејнерите

-

Во текот на изминатите неколку дена, во Општина Чаир, eко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје регистрираше огромно количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата Благоја Паровиќ, информираат од претпријатието.

„Екипите на Претпријатието беа приморани рачно да го извадат градежниот отпад од садовите, за да може да го префрлат и транспортираат со соодветни возила.ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ги информира граѓаните дека, според Законот за јавна чистота, отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на живеалиштата, не смее да се одложи во садовите за отпад поставени на јавни површини. Градежниот отпад може трајно да ги оштети овие садови, како и специјалните комунални возила, а со тоа да предизвика и сериозни проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...