fbpx

Македонските дипломати не сакаат оценување на нивната работа

-

Последното оценување на вработените во Министерството за надворешни работи и дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство било извршено во 2013 година, констатираат државните ревизори во најновиот извештај за работењето на Министерството.

Поради специфичноста на работењето на директоратите во Министерството и на дипломатско-конзуларните претставништа, од МНР во 2016 година доставиле барање до Министерството за информатичко општество и администрација за изземање од системот за оценување на вработените, што не било одобрено.

Ревизорите укажуваат дека непочитувањето на задолжителната обврска за оценување на вработените во МНР согласно Законот за административни службеници и на дипломатите согласно Законот за надворешни работи и Методологијата за начинот на оценување, наградување и казнување на амбасадорите и генералните конзули оневозможува да се увидат резултатите од економската и политичката активност на овие лица.

„Во 2018 година се започнати активности за оценување на ефектите на административните службеници (доставени се обрасци за оценување), но до денот на завршување на ревизијата не е доставена верифицирана документација за потврдување на наведениот процес“, се вели во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...