fbpx

НБРМ: Градежништвото се подобрува, поволни очекувања во економијата

-

Согласно со објавените проценети податоци за домашниот бруто-производ (БДП), економската активност во третиот квартал на минатата година бележи раст од три проценти, што е нешто повисок од проектираниот во октомвриските проекции, велат од Народна банка за усвојувањето на новиот Квартален извештај.

„Ваквото нагорно отстапување главно се должи на повисокиот раст на извозот, односно поповолната нето извозна побарувачка, како и на повисокиот раст на јавната и личната потрошувачка во однос на очекувањата од октомвриските проекции, додека падот на бруто-инвестициите е поголем од очекуваниот“, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека се очекуваат поволни движења во економијата, проследени и со поволни очекувања за растот на индустријата.

„Воедно, одредени индикатори упатуваат и на подобрување на секторот „градежништво“ во споредба со претходниот дел од годината. Личната потрошувачка забележа зголемување. Поволни движења се забележани кај вкупните инвестиции, што се должи на инвестициите на приватниот сектор, додека номиналните податоци упатуваат на потенцијално мало проширување на трговскиот дефицит во четвртиот квартал во однос на истиот период од минатата година“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...