fbpx

Со решавањето на името ќе се придвижи и црковното прашање, смета патријархот Неофит

-

Бугарскиот патријарх Неофит очекува решавањето на прашањето за името на Македонија да го придвижи и македонското црковно прашање.

– Сè уште се работи околу името на државата Македонија. Кога ќе се утврдат сите детали, ќе се придвижи сигурно и црковното прашање – изјави за БГНЕС поглаварот на Бугарската православна црква по денешната литургија во соборната црква Св. Недела во Софија.

Прашан каква е позицијата на БПЦ за афтокефалноста на украинската црква, патријархот Неофит изјави дека тоа прашање допрва ќе биде разгледано.

– Ова важно прашање ќе биде на дневен ред. Ние ќе го разгледаме – рече патриајрхот Неофит, без да соопшти повеќе детали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Израел оваа недела ги информираше претставниците на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во јужниот град на Газа,...