fbpx

Граѓаните во Тетово бараат повеќе контејнери за отпадоци

-

Имајќи предвид дека отпадоците во контејнери не се селектираат и распоредот на нивното собирање не е задоволителен, граѓаните од Тетово бараат од властите да распоредат повеќе контејнери за отпадоци, за да се спречи нивната пренатрупаност и со тоа одржувањето на чистотата во градот ќе биде поефикасна, пренесува Порталб.мк“.

Во повеќето случаи, контејнерите се полни, а граѓаните се жалат дека немаат место каде да ги фрлаат отпадоцитеБехар Асани, жител од Тетово, посочува дека треба да има повеќе контејнери, и тоа пропорционално според бројот на жителите.

„Мислам дека бројот на поставени контејнери е недоволен врз основа на бројот на жители. Во повеќето случаи, тие се поставени на погрешни места, и верувам дека им пречат на возилата“, вели Асани.

Директорот на Јавното комунално претпријатие во Тетово, Џелал Чека нагласува дека е свесен за ситуацијата и за таа цел се нарачани нови контејнери.

„Чистењето на контејнерите за отпадоци се врши еднаш во 24 часа и тоа после 23 часот, додека во текот на денот, после 14 часот, чистиме на локации каде што има потреба. Точно е дека постои потреба за повеќе контејнери за отпадоци и затоа нарачавме нови контејнери, но во повеќето случаи не можеме да ги поставиме поради тоа што на некои локации има недостаток на простор. Имаме барања за контејнери во некои населби, и ќе ги поставиме штом ги добиеме новите контејнери“, вели Чека за „Порталб.мк“.

Иако контејнерите, како што истакна директорот, се чистат еднаш на ден, според поплаките на граѓаните, тоа не е доволно, бидејќи во нив се фрлаат различни габаритни материјали кои веднаш ги полнат контејнерите

Контејнерите за отпадоци во Тетово, имаат уште еден недостаток, односно околу 80 проценти од нив немаат капаци, па се шири лоша миризба. Недостатокот на чистење и одржување доведува до нивно преполнување. Тоа што ја влошува ситуацијата е и тоа што отпадоците што се фрлаат во нив не се селектирани. Ова прашање, ЈКП Тетово вети дека ќе почне да го решава следната година. Претпријатието планира да замени половина од контејнерите со нови, што ќе имаат капаци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...