fbpx

Одбраната на Груевски ќе поднесе жалба на пресудата во случајот „Тенк“

-

Адвокатот на обвинетите во случајот на СЈО „Тенк“, Димитар Дангов рече дека одбраната ќе поднесе жалба на пресудата со која на затворска казна од две години денеска беше осуден Никола Груевски, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски доби казна затвор од шест години и шест месеци.

Дангов рече дека Судот немал никаква основа да изрече осудителна пресуда туку напротив пресудата требала да биде ослободителна.

На новинарско прашања зошто Груевски не присуствувал во Судот за време изрекување на пресудата, Дангов рече дека таа одлука била негово лично право.

Веднаш откако во судницата беше изречена пресудата групата од триестина демонстранти која е на тревникот пред зградата на Кривичниот суд почна да скандира „Никола Никола“ и порача дека станува збор за голема неправда бидејќи обвинетите не биле виновни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...