fbpx

Дејан Митревски-Урко не се појави во суд, судијката побара да го повикаат по телефон

-

Дејан Митревски -Урко денеска не се појави во Кривичниот суд каде што требаше да сведочи за случајот на СЈО „Тенк“, во кој обвинет е Никола Груевски за набавка на „мерцедесот“ од речиси  600.000 евра.

Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави во судница, поради што судијката Добрила Кацарска им наложи да му се јават по телефон и да го повикаат.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради ризична бременост.

За набавката на мерцедесот треба да сведочат осум сведоци, кои биле задолжени за безбедноста на Груевски додека беше премиер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...