fbpx

Меѓународната конфедерација на синдикати реагира за притисоци врз КСС

-

Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) чиј полноправен член е Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) во писмо до премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска реагира за непостоење на социјален тристран дијалог во државата и нефункционирањето на Економско социјалниот совет. Истовремено, алармира за кршење на меѓународните документи и конвенции за заштита на синдикалните претставници и апелира да престанат сите притисоци врз синдикалното движење во Македонија.

Во реакцијата се наведува дека ITUC ќе реагира и до Меѓународната организација на трудот како и до Европската Унија, доколку работите не се сменат.

„Во меѓувреме, по отказот на претседателот на КСС, Благоја Ралповски од неговото работно место како административен службеник во Агенцијата за катастар на недвижности, по спречувањето на регуларни синдикални избори во синдикалната организација на АД ЕЛЕМ, масовно не се продолжуваат и работните договори на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, од страна на директорите на установите, по налог на повисоките органи на локалната и централната власт, на што СОНК, грански синдикат при КСС, остро реагираше“, порачува КСС.

Синдикалната организација вели дека ќе организира протест на 17 јануари, со почеток во 5 до 12 пред Владата, на кој ќе побара повисоки плати, усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата, како и за престанок на притисоци врз синдикалните претставници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...