четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: откази | 23 резултати

Чипа: Пандемијата силно ги погоди албанските медиуми, над 40 новинари ги загубија работните места

јуни 26, 2020

Пандемијата на ковид -19 има големо влијание врз стабилноста на медиумите во Албанија, вели Александар Чипа, претседател на Унијата на албанските новинари. Во интервју за Portalb.mk, Чипа потенцира дека медиумите претрпеле силен удар од пандемијата и финансиските ефекти ќе се почувствуваат уште повеќе во наредниот период од годината. Тој посочува дека над 40 новинари ги […]

Милорад Милојевиќ, Радио Слободна Европа: Новинарите во БиХ веќе остануваат без работа поради пандемијата

јуни 22, 2020

Епидемијата на ковид-19 во повеќе аспекти влијаеше на новинарите, кои претставуваа врска помеѓу здравството и јавноста во текот на кризата. Јавноста будно следеше сè што има врска со пандемијата, не обрнувајќи внимание на оние кои тие информации секојдневно им ги пренесуваат. Истовремено, новинарите на своите работни задачи честопати беа изложени на епидемијата и беа без […]

Меѓународната конфедерација на синдикати реагира за притисоци врз КСС

јануари 5, 2018

Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) чиј полноправен член е Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) во писмо до премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска реагира за непостоење на социјален тристран дијалог во државата и нефункционирањето на Економско социјалниот совет. Истовремено, алармира за кршење на меѓународните документи и конвенции […]

Во Каталонија затворени 15.000 работни места

ноември 3, 2017

Во Каталонија во октомври, во екот на политичката криза околу прогласувањето на независноста на овој регион, затворени се 15.000 работни места, соопшти шпанското Министерството за вработување и социјална безбедност. Политичката несигурност во Каталонија принудила 1.000 компании да ги преселат своите централи во други делови на Шпанија, од страв дека во случај на независност би можеле […]

Нов бран на откази во Турција – со декрет отпуштени стотици службеници

август 25, 2017

Во Турција се отпуштени повеќе стотини државни службеници и зголемена е надлежноста на претседателот Реџеп Таип Ердоган над националната разузнавачка агенција МИТ, покажуваат двата декрети кои денеска се објавени во рамки на вонредната состојба која е воведена во земјата по неуспешниот минатогодишен воен удар. Турција отпушти или суспендира повеќе од 150.000 функционери за време на […]

СДСМ: Почнува процес на ослободување на заробените институции

јули 15, 2017

„Владата предводена од СДСМ почнува процес на ослободување на заробените институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Департизацијата и професионализацијата на институциите почна, колку и тоа да не го разбира ВМРО-ДПМНЕ“, порача СДСМ во одговор на прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ денеска, во кои новата власт беше напаѓана за реваншизам и за партизацијата на државата. „Секој граѓанин ќе го […]

ССНМ: Правосудните и истражните органи да ги испитаат случувањата во МПМ

април 20, 2017

Шпекулациите за стечај на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), проследени со конкурси за вработување на новинари во фирма со слично име во сопственост на еден од директорите на МПМ, се последниот чин од драматичното пропаѓање на оваа медимска куќа, која уште еднаш потврди дека нема чесни намери кон своите вработени, велат од Самостојниот синдикат на новинари […]

Турските власти отпуштија 8.390 државни службеници

јануари 7, 2017

Турските власти денеска отпуштија 8.390 државни службеници поради наводна поврзаност со терористички организации, а наредија и затворање на повеќе од 80 организации, меѓу кои и спортски клубови. Како што јавуваат турските медиуми, отпуштените службеници се од 63 различни државни институции, а меѓу нив 2.687 лица се полицајци, 1.699 се вработени во Министерството за правда, а […]

Турција: Уште 460 отпуштања од армијата и од полицијата

октомври 28, 2016

Турските власти обвинија уште 460 лиц вработени во војската и во полицијата во рамките на истрагата за неуспешниот пуч, извршен на 15 јули годинава. Како што објави турското министерство за одбрана на „Твитер“, војската од должност разрешила 195 свои припадници, меѓу кои 158 офицери. Министерството за внатрешни работи, пак, денеска отпушти 153 припадници на жандармеријата […]

Турција отпушти 820 војници и морнари

септември 1, 2016

Во Турција се отпуштени уште 820 припадници на копнените сили и на морнарицата, соопшти министерството за одбрана во Анкара. По неуспешниот воен пуч извршен на 15 јули, Турција почна „чистка“ која не ги заобиколи ни истакнатите генерали и воени претставници, а сменети се и неколку илјади припадници на вооружените сили. Оттогаш, поради сомнеж  за поврзаност […]

Отпуштени уште 2.800 судии и обвинители во Турција

август 24, 2016

Турските власти им доделија откази на повеќе од 2.800 судии и обвинители поради поврзаност со неуспешниот државен удар. Според податоците на „Си-ен-ен Турк“, досега вкупно 80.000 вработени во јавните служби, управите, полицијата и во судовите се отпуштени под обвинение дека се следбеници на Фетулах Ѓулен. Владата во Анкара објави дека следбениците на Ѓулен со години […]

ЗНМ: Отпуштањата во МПМ се смислен удар врз професионалното новинарство

јули 27, 2016

Здружението на новинари на Македонија денеска го оцени отпуштањето на новинарите во медиумите во сопственост „Медиа принт Македонија“ како удар врз слободата на професионалното новинарство. „Отпуштањето на 20 вработени од „Медиа принт Македонија“, од кои мнозинство новинари од дневниот весник „Вест“, претставува смислен удар врз професионалното новинарство и врз слободата на медиумите. По смената на главниот […]

Турција: 21.000 наставници прогласени за работонеспособни

јули 19, 2016

Министерство за образование на Турција денеска прогласи за работонеспособни 21.000 наставници, вработени во приватни институции. Одлуката на министерството е дел од акциите што турската влада ги презема по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули. Претходно, Советот за високо образование побарал оставки на 1.577 декани и професори од сите универзитети во земјата, a министерството за […]

ОН бараат Турција да го почитува владеењето на правото

јули 19, 2016

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Рад ал Хусеин, ги повика турските власти да се придржуваат кон владеењето на правото во одговорот на неуспешниот обид за пуч во Турција. Тој повика да им се овозможи на независните набљудувачи да ги посетат затворите во Турција за да ги проверат условите и третманот на затвореници, […]

Отпуштени 257 лица од кабинетот на турскиот премиер

јули 19, 2016

Од кабинетот на турскиот премиер Бинали Јилдирим отпуштени се 257 лица и одземени им се личните документи, јавуваат турските медиуми. Отпуштените службеници се осомничени за вмешаност во обидот за воен удар, извршен во петокот. За време на чистките спроведени по неуспешниот пуч, отпуштени се илјада судии, полицајци, чиновници и вработени во верските служби.

Дисциплински мерки против 59 вработени во МВР во декември

јануари 10, 2016

Во текот на декември минатата година, по спроведена дисциплинска постапка, донесени биле 59 решенија против исто толку вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) поради сторени повреди во работењето, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, на 46 вработени им била изречена парична казна, на петмина – писмено предупредување, за четворица вработени одредена е мерка […]

„Тошиба“ ќе отпушти 7.000 работници

декември 15, 2015

Јапонската корпорација „Тошиба“ има намера да укине од 6.000 до 7.000 работни места во обид да ја реструктуира компанијата, пишува јапонскиот весник за бизнис „Никеи“. Најголем број откази ќе бидат доделени во секторот за апарати за домаќинство. Компанијата, исто така, планира драстично да го намали обемот на производство во фабриката „Оме“ во Токио, во која […]

Вучиќ даде „зелено светло“, откази ќе добијат 9.000 вработени во администрацијата

јули 17, 2015

Членовите на Владата на Србија се договориле за начинот на кој ќе почнат со рационализација на државната администрација, во рамките на која, од септември ќе почнат отпуштања на 9.000 лица, пишува „Блиц“. По неколку недели прекин, вчера на седницата на Владата било договорено како прецизно ќе изгледа процесот на отпуштање во државната администрација, во здравството, […]

„Американ експрес“ отпушта 4.000 вработени

јануари 22, 2015

„Американ експрес“ подготвува повеќе од 4.000 откази во различни сектори, соопшти портпаролот на компанијата. Според последниот годишен извештај на „Американ експрес“, тоа значи дека откази ќе бидат доделени на шест отсто од вработените. Портпаролот на компанијата соопшти дека скратувањето на работните места не се однесува само на американскиот, туку и на меѓународниот сектор на дејствување. Компанијата, делумно […]

Страна 1 од 1