fbpx

Апелација ја одложи седницата на која ќе решава дали „бомбите“ се докази за „Тендери“

-

Поради службени обврски на претседателката на Апелацискиот суд, Лилјана Ивановска-Шопова, одложена e денешната јавна седница на која требаше да се расправа за тоа дали „бомбите“, што Основниот суд Скопје 1 ги отфрли како неважечки, може да се користат како доказ во предметот „Тендери“.

Седницата е одложена за утре во 9.30 часот.

Од тројцата судии кои треба да одлучуваат за овој предмет, на јавната седница присуствуваа судиите Јани Нича и Африм Фидани, како и четворицата адвокати што ги застапуваат обвинетите.

Ексминистерката е обвинета во предметот „Тендери“ за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за речиси 54 милиони денари.

Освен Канческа-Милевска, во „Тендери“ обвинети се и Лидија Лазарова-Цветковска и Јулијана Угриновска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Честитки за големиот празник Воскресение Христово – Велигден од Пендаровски и Џафери

Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата, напиша претседателот Стево Пендаровски, во својата честитка по...