fbpx

Заев и Ахмети апелираат за демократски избори и во втор круг

-

Постојано сме работеле на демократските процеси и затоа посакуваме тие стандарди да се имплементираат и на 29 октомври, затоа што тоа е многу значајно за нашата заедничка иднина, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Тетово, каде што вечерва се одржа митинг.

По митингот, Ахмети на кратко се сретна со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Заев од граѓаните побара да ја поддржат актуелната градоначалничка Теута Арифи, која во вториот круг на локалните избори, што ќе се одржат в недела, се бори за втор мандат.

На новинарско прашање за коалициите на албанските политички партии за вториот круг на локалните избори, Заев рече дека не навлегува во коалициите на партиите иако, како што кажа, „имаат незгодна ситуација со еден од коалиционите партнери“.

„Локалните избори се различни од парламентарните и во тој поглед секој ја сноси својата одговорност. Во првиот круг оставивме граѓаните да си кажат во кој правец ќе се движат работите во Струга и во Гостивар. Во вториот изборен круг, Зијадин Села одлучи да влезе во коалиција со Беса, некаде и со ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа е негово право и тој си носи одговорност и пред своите гласачи“, изјави Заев.

Тој апелираше до граѓаните за слободни, фер и демократски избори и во вториот круг.

„Навистина сум горд, како човек, што за првиот изборен круг покажавме кристално чисти избори, заради тоа што само преку слободни, фер и демократски избори сите победуваме во Република Македонија“, додаде Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...