fbpx

Петре Шилегов и официјално кандидат за градоначалник на Град Скопје

-

Кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ е Петре Шилегов, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните.

„Во скопските општини кандидати се Златко Марин за градоначлник на општина Аеродром, Велимир Смилевски за општина Бутел, Борче Георгиевски во општина Гази Баба, Александар Наумоски во општина Ѓорче Петров, Стефан Богоев во општина Карпош и Филип Темелковски во општина Кисела Вода“, се додава во соопштението.

Од СДСМ ги потврдија и кандидатите за градоначалници на Арачиново, Богданци, Брвеница, Валандово, Вевчани, Виница, Демир Капија, Зелениково, Јегуновце, Карбинци, Кривогаштани, Крушево, Могила, Ново Село, Новаци, Охрид, Пехчево, Пласница, Свети Николе, Сопиште, Чашка и Штип.

„Јавноста ќе биде дополнително информирана кога ќе бидат потврдени кандидатите и за другите општини“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...