fbpx

Заев – Шутановац: Соработката на државите во регионот ќе обезбеди економски просперитет

-

Премиерот Зоран Заев денеска примил делегација на Демократската странка (ДС) од Србија, предводена од претседателот на партијата, Драган Шутановац.

На средбата, Заев изразил задоволство од брзото надминување на ситуацијата создадена со повлекувањето на дипломатскиот персонал во Амбасадата на Република Србија во Скопје и истакнал дека е договорено двете земји да ги решаваат сите евентуални недоразбирања во меѓусебните односи исклучиво по пат на дијалог.

Претседателот на Демократската странка во Србија, Драган Шутановац, истакнал дека на членовите на ДС ќе им бидат пренесени најдобрите искуства од нивните колеги во Македонија.

Премиерот Заев порачал дека политичките партнери треба секогаш да го имаат предвид интересот на народот во нивната земја, да ги негуваат и да ги афирмираат демократските вредностите што ги застапуваат, како и да имаат меѓусебна соработка што на сите во регионот ќе им обезбеди стабилна и економски просперитетна иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...