fbpx

САД наскоро ќе ѝ одговори на Русија за протерувањето на американските дипломати

-

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, во Манила изјави дека Русија покажува „извесна подготвеност“ за почне разговори за решавање на кризата во Украина.

Тој додаде дека Вашингтон ќе одговори на одлуката на Москва да го намали бројот на американските дипломати во Русија.

По состанокот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на маргините на форумот на Асоцијација на државите од Југоисточна Азија, Тилерсон рече дека САД и Русија имаат длабоки разлики, но дека и понатаму има значајни безбедносни прашања за кои треба да се разговара.

Лавров претходно рече дека специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговори за Украина наскоро ќе дојде во Москва.

Тилерсон, сепак, рече дека САД до 1 септември ќе одговори на одлуката на Русија да го намали бројот на дипломати во таа земја.

Тој потврди дека за тоа разговарал со шефот на руската дипломатија, додавајќи дека САД сè уште немаат одлучено како ќе одговорат.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди 755 американски дипломати да ја напуштат Русија, по воведувањето нови санкции кон земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...