fbpx

Џафери ги распиша локалните избори и порача сите учесници да ги почитуваат законите

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, точно напладне го потпиша решението за распишување на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври.

Џафери апелираше до сите учесници пред и за време на изборите да се однесуваат во согласност со Уставот и со законските одредби, а институциите да обезбедат изборите да протечат во мирна, фер и демократска атмосфера како што заслужуваат, како што рече, почитуваните граѓани на Македонија.

– Ги распишав изборите согласно законската обврска и согласно роковите предвидени од Изборниот законик. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат во недела на 15 октомври 2017 година. Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до органот за спроведување на изборите, Државната изборна комисија. Собранието за време на предизборниот период ќе работи, но нема да има пленарни седници за пратениците да можат да се посветат целосно на изборната кампања, но и за да не ги претворат седниците во изборна кампања – изјави Џафери по потпишувањето на решението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...