Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретна со амбасадорката на Република Австрија, Ренате Коблер, со која разговарал за инвестициите на компаниите од Австрија, која е втора земја во поглед на обемот на инвестиции.
– Инвеститорите од странство, вклучително и оние од Република Австрија, ќе имаат искрен и отворен партнер во Владата. Странските компании кои веќе имаат инвестирано во земјата треба да се чувствуваат слободни да продолжат со своите развојни активности. Владата ќе продолжи да привлекува и нови инвеститори, а преку поддршка на домашните компании, ќе гледаме соработката помеѓу домашните и странските компании да ја подигнеме на повисоко ниво, со што добробит ќе имаат и компаниите, но и економијата на земјата – изјавил Анѓушев.
Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, Анѓушев и Коблер заклучиле дека економската соработка ќе продолжи да се развива и во иднина и дека се очекуваат уште подобри економски резултати.