fbpx

Сончево и многу топло, со температура до 43 степени

-

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, кој во западните и во југозападните делови од земјава ќе се засилува.

Утринската температура се движи од 15 до 22 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 36 до 43 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 9.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од јузападен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 40 Целзиусови степени.

Утре, според синоптичарите, од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што на повеќе места ќе предизвика нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено во попладневните часови. Локално е можна и појава на невреме.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавена е програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и Србија, како и дваесетина домашни поети ќе бидат дел од годинешното, четврто издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржи...