Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска со словенечкиот амбасадор Милан Јазбец разговарал за билатералните односи меѓу двете земји, како и за настаните во Собранието на 27 април.
„Осврнувајќи се на немилите настани од 27 април и на актуелната состојба, претседателот Џафери истакна дека тој лично ќе се заложи за враќање на институционалниот интегритет на Собранието и за зајакнување на довербата на граѓаните во оваа институција. Тој очекува претседателот на државата да ја исполни својата уставна обврска и да го даде мандатот на носителот на парламентарното мнозинство, со што ќе се отворат процесите за конституирање на собраниските тела, а со тоа и за формирање на новата влада. По тоа, приоритет ќе бидат измените на Изборниот законик и продолжување на мандатот на сегашната локална самоуправа, до есента кога, се надева, ќе се одржат локални избори“, соопштија од кабинетот на Џафери.