fbpx

Уапсени пет лица кои планирале напади во пресрет на референдумот во Турција

-

Турската полиција уапси пет лица под сомнение дека се поврзани со Исламска држава и оти планирале „сензационални напади“ во пресрет на референдумот за зголемување на овластувањата на турскиот претседател, закажан за 16 април.

Меѓу уапсените има и еден државјанин на Таџикистан, кој патувал во зоните на конфликтот каде што војува ИД.
По добиена дојава, полицијата вчера спровела три симултани операции во Истанбул.

Екстремистичката ИД повика да се извршат напади во пресрет на референдумот, кој го оценија како гласање е спротивно на бог. Џихадистичката организација изјави дека муслиманите кои ќе гласаат се, всушност, неверници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

Во првите три месеци од оваа календарска година, општините во државата пријавиле вкупни доспеани, а неплатени обврски во износ од 56,4 милиони евра, пишува „Порталб“. Во споредба со декември...