fbpx

Ахмети: Во моментов не гледам светло на крајот на тунелот

-

Централното претседателство на ДУИ денеска одржа кратка средба во Мала Речица по што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека не гледа светло на крајот од тунелот, пренесе „А1 он“.

– Максимално се трудиме да ја решиме кризата, но не зависи само од нас, туку од сите партии. Некои од партиите ги блокираат државните институции. Во моментов не гледам светло на крајот од тунелот, но се надевам дека сите партии ќе дадат свој придонес да излеземе од кризата – рече Ахмети.

Во одговор на прашање за моменталниот однос на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ кон другите партии, тој кажа дека заканувања и уцени нема да ја решат кризата. Ахмети нагласи дека острата реторика не ѝ е потребна на Македонија, туку ѝ е потребен разумен компромис.

На прашање дали ќе ги повлекуваат министрите од техничката влада, Ахмети кажа дека не гледа причина за тоа, бидејќи и онака таа влада е во оставка.

– Во моментов сме сконцентрирани да избереме претседател на Собранието – рече Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...