fbpx

Од идната Нова година, Скопје ќе се украсува тематски

-

Од идната година, Градот Скопје ќе бара идејно решение за новогодишното украсување. На страницата за јавни набавки, во понеделникот е објавен оглас во кој се бара идејно решение за новогодишното украсување за наредната година.

Во критериумите според кои ќе се избира најповолната понуда, пишува дека идејните решенија треба да бидат уникатни и да имаат концепт, да бидат креативни и да не потсетуваат на веќе изведени решенија, да бидат лесно изводливи и да не бидат скапи за изведба. Декоративните елементи и украси кои треба да се приклучат на струја да бидат опишани од технички аспект (маса, моќност, степен на зашита).

При изработката на идејното решение, треба да се земе предвид оптоварувањето на столбовите за јавно осветлување и мрежата за јавно осветлување. Исто така, идејното репение не треба да предвидува никакво исклучување или намалување на јавното осветлување ниту, пак, да предвидува украсување на столбови на кои веќе има поставено рекламни панели, ако е можно да се избегне украсување на столбовите за јавно осветлување.

На конкурсот се предвидени три награди и откуп на наградените дела. Прва награда во нето-износ од 60.000 денари, втора од 48.800 и трета награда од 30.500 денари. Понудите треба да се достават до 2 февруари 2015 година во 12 часот во Ахривата на градот, во барака 1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...