fbpx

Последни натпревари во втората фаза по групи на ЕП во ракомет за жени

-

Последните натпревари од втората фаза по групи на Европското првенство во ракомет за жени се играат денеска. Првенството се одржува во Унгарија и во Хрватска.

Досега само репрезентацијата на Норвешка е познат патник во полуфиналето, со убедливи осум бода во првата група. Вториот патник во полуфиналето ќе биде познат по натпреварот помеѓу Данска и Шпанија. Данска има еден бод предност пред Шпанија и доволен и е само еден бод за да се пласира во нокаут-фазата.

Во втората група, четири репрезентации ќе се борат за првите две места. Шведска засега води со седум бодови. Последнот дуел го има со Црна Гора, на кој и со еден бод може да го обезбеди првото место во групата. И пораз може да ја однесе во следната рунда ако во вториот дуел во групата, помеѓу Холандија и Франција, нема победник. Црногорките мораат да победат за да бидат сигурни. Холандија и Франција ќе мора да освојат победа за да имаат шанса да се пласираат понатаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...