fbpx

Алијанса за Албанците: Важно е да се спроведе волјата на мнозинството на електоратот

-

Важно е да се спроведе волјата на мнозинството на електоратот, кое јасно посочи дека постои интерес за суштински реформи и за нов пристап кон целосна рамноправност, социјален напредок и кон постигнување на стратешките цели, како што се интеграцијата во ЕУ и во НАТО, соопшти денеска Алијанса за Албанците.

Од партијата не ја коментираа програмата што вчера ја презентираше СДСМ, но рекоа дека таа ќе биде проширена за да ги рефлектира интересите на сите.

„Во однос на 15-те приоритетни принципи утврдени од страна на СДСМ, Алијансата за Албанците смета дека албанските политички партии во владината проширена програма ќе бидат внимателни за да се опфатат сите точки кои се со посебен национален и граѓански интерес“, стои во соопштението на Алијанса за Албанците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...