fbpx

Скопјанец застрелан во расправија во Ченто, се наоѓа во животна опасност

-

Откако вчера бил застрелан, 27-годишен скопјанец со тешки повреди е пренесен во Специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје и се наоѓа во животна опасност, извести МВР.

Инцидентот се случил вчера попладне. Во полиција било пријавено дека на улицата Фуштанска во населбата Ченто, две непознати лица, кои дошле со два автомобили, почнале да се расправаат со Г.Б. (27), по што еден од нив извадил пиштол и стрелал во 27-годишникот, нанесувајќи му прострелна рана во десна надколеница и повеќе повреди на телото. Вооружениот потоа заминал со автомобилот.

Ранетиот е пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Полицијата вели дека трага по сторителите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени се двајца украински безбедносни службеници поради заговор за атентат на Зеленски

Истражителите на украинската безбедносна служба спречиле руски заговор за атентат на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други членови на највисокото воено и политичко раководство на земјата. Приведени се двајца...