fbpx

Пенс го посети логорот во Дахау

-

Потпретседателот на САД, Мајкл Пенс го посети поранешниот нацистички концентрационен логор Дахау во Минхен.

Пенс во обиколката го придружувал и еден преживеан од логорот кој нацистите го основаа во 1933 година.

Логорот Дахау бил отворен два месеци по доаѓањето на Адолф Хилтер на власт. Таму биле држени повеќе од 200.000 луѓе од цела Европа, а умреле повеќе од 40.000.

Логорот бил ослободен од американските сили во април 1945 година.

Американскиот потпретседател вчера присуствуваше на Минхенската безбедносна конференција на која учествуваа странски дипломати и безбедносни службеници, а денеска ќе патува во Брисел каде што ќе се сретне со официјални лица на НАТО и ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...