Зекири: Насилниците мора да одговараат, независно чии луѓе се

-

Лица од обезбедувањето на Сашо Мијалков вчеравечер вербално и физички ме нападнаа. Објектот е под видео надзор и сето ова што го зборувам полицијата лесно може да го утврди, изјави денеска на прес-конференција, пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири.

Зекири тврди дека десетина лица кои седеле на маса со Мијалков дошле и побарале од него да го напушти местото затоа што имало приватна забава, за што Зекири вели дека не е точно затоа што тој имал претходна резервација.

-Откако им објаснив дека имаме уредно резервирано маса еден од нив познат на полицијата а и нам ја преврте масата и групата почна да не турка насила кон излезот. Додека траеше турканицата надвор од објектот еден од нив извади полициска легитимација и побара да се идентификувам. Додека ја вадев личната карта да му ја покажам друго лице отпозади ме нападна физички во пределот на главата. Случајот го пријавив во полиција. Дополнително скандалозно е што полицаецот пред кој ја давав изјавата, не сакаше во извештајот да го напише името на Сашо Мијалков. Иако се работи за моја изјава пред полиција, на којашто имам право како граѓанин – вели Зекири во своето објаснување на настанот.

Зекири од МВР побара веднаш да отвори истрага и да го расветли случајот и порача дека насилниците мора да одговараат, независно чии луѓе се. Тој потенцираше дека институциите се должни да ги штитат граѓаните, а не лични и партиски интереси на поединци од криминалната власт во заминување.

Настанот од синоќа бил пријавен и од страна на Ургентниот центар „Мајка Тереза“.

„На 19.02.2017 година во 01.10 часот од Ургентен центар „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив дошло лицето М.З. со повреди, а по негово кажување повредите биле здобиени од физички напад во угостителски објект од страна на непознато лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, се вели во билтенот на МВР.

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...