fbpx

Платформата на Ахмети ја враќа земјата во 19-от век, смета Демократскиот сојуз

-

Лидерот на ДУИ Али Ахмети успеа да го разгори национализмот и екстремизмот, како подлога за конфронтации и дестабилизација на Македонија, оцени денеска Демократскиот сојуз.

„Платформата за целосно разрешување на албанските прашања, во многу му помогна на раководството на ВМРО ДПМНЕ, да ја измести темата за одговорност на креаторите на политичката криза и да поттикне и насочи дискусија за ’македонските работи’. Подготовката на ’македонска платформа’, најавите за блокада на работата на Парламентот и заканите со протести да се урниса државата доколку опозицијата формира Влада, се одлична можност за прогласување на вонредна (читај воена) состојба и суспензија на институциите и изборната волја на граѓаните’, стои во соопштението од ДС.

Според ДС, наместо да се гради платформа за правна држава, еднакви права за сите, борба против криминалот и подобар живот за сите, платформата на Ахмети ја враќа земјата во 19-от век.

„Време е за обединување на граѓаните и расчистување со популистите и пропагандистите за наводна загрозеност на Албанците или Македонците“, оценуваат од ДС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...