fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да го прочита Уставот, пратениците можат да бидат министри

-

Согласно членот 93, став 5 од Уставот на Република Македонија, постоечката влада на која мандатот ѝ престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова влада, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Петре Шилегов, на која СДСМ најави кривични пријави за функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата појаснуваат дека според Уставот, претседателот на владата и министрите кои се избрани за пратеници во Собранието на Република Македонија продолжуваат да ги извршуваат своите должности како членови на влада сè до избор на нова влада.

„Ваков континуитет имаше владата на која мандатот ѝ престана поради распуштање на Собранието на Република Македонија до изборот на новата влада во 2011 и во 2014 година, каде новоизбраните пратеници како членови на влада ги извршуваа своите должности согласно Закон за влада, односно до избор на нова влада на Република Македонија во 2011 и 2014 година по спроведените предвремени парламентарни избори. Ваков континуитет имаше и владата од 2006 година во која Владо Бучковски беше и претседател и пратеник, а Радмила Шекеринска учествуваше на седниците на владата, иако исто така беше избрана за пратеник. Функционерите на СДСМ тогаш ги извршуваа должностите сè додека не ги предадоа кабинетите откако беше формирана новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, а тие се преселија во Собранието како пратеници на поразениот СДСМ“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Шилегов, кој е дипломиран правник, не го познава Уставот на Македонија.

„На Петре Шилегов треба да му биде одземена дипломата. Дури и студент од прва година на Правниот факултет го има прочитано и го знае Уставот. Уставот веројатно го знаат и го прочитале и Владо Бучковски и Радмила Шекеринска, но изгледа не сакаат да му кажат на Петре Шилегов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...