„СДСМ и Сорос две години дивееја уништувајќи сè пред себе. Предизвикаа штети тешки десетици милиони евра, палејќи и демолирајќи сè што ќе им се најде во близина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека „бандите на СДСМ и на Сорос се надеваа дека со пари и со помош однадвор, ќе ја изиграат волјата на народот, ќе се дограбат до власт и ќе продолжат со својот деструктивен поход, минувајќи неказнето.“
– Деструкцијата на платениците на Сорос е прочитана секаде. Следува време на десоросоизација – се додава во соопштението.