fbpx

Заедничката платформа на албанските партии во Македонија е историски чекор, оцени Рама

-

Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави и ја оцени како историска вчера објавената заедничка платформа на албанските партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците, за преговорите за формирање на македонска влада.

„Историски чекор за изразување на волјата на Албанците во Македонија. За правата на Албанците, а не преговори за владини фотелји“, напиша Рама на својата страница на „Фејсбук“.

Лидерите на албанските политички партии од Македонија, по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година, двапати беа на разговори со Рама во Тирана, а потоа и со косовскиот претседател Хашим Тачи. По средните со Рама и со Тачи произлезе заедничката платформа на албанските партии во Македонија, која ќе биде основа за преговори за формирање нова Влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...