fbpx
Таг: заедничка платформа

таг: заедничка платформа

Попоски: Тирана и Приштина да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска го оцени како непристојно и несоодветно мешањето на Албанија и на Косово во внатрешните работи на Македонија. - Не е пристојно, ниту соодветно кога премиер или претседател од соседна земја директно се меша во внатрешни работи, особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање влада. Се испраќаат погрешни сигнали во...

Коалиционите партнери го поддржаа Груевски, но негодуваат за албанската платформа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска одржа средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“, на која главна тема биле резултатите од предвремените парламентарни избори. - Главна тема е анализата на изборните резултати, односно сите претставници на политичките партии ги предочија своите видувања околу ангажманите и резултатите и за сето она што се случи во Република Македонија...

Иванов му го даде мандатот на Груевски, тече рокот од 20 дена за формирање влада

Од денеска почнува да тече рокот од 20 дена во кој мандатарот за составување на новата влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, треба да поднесе програма и предлог-состав на Владата до Собранието. Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, како што беше најавено, попладнево, дваесетина минути по 13 часот, на кратка свеченост во вилата на Водно му го врачи мандатот на лидерот...

Бушати и Мета ја поздравија платформата на албанските партии во Македонија

Албанските власти ја поздравија заедничката платформа на албанските партии во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, оцени дека тоа е договор за посилна и подемократска Македонија, додека претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, смета дека договорот позитивно ќе влијае на меѓуетничките односи во земјата. Албанскиот премиер Еди Рама во саботата, по објавувањето на платформата,...

За да помине платформата на Албанците, треба двотретинско мнозинство во Собранието

Политичките партии од албанскиот блок, ДУИ, Движење Беса и Алијанса за Албанците, на 7 јануари соопштија дека усвоиле заедничка платформа која ќе биде нивна основа во преговите за формирањето на новата влада. Сепак, и во случај нивните барања опфатени во платформата да бидат прифатени од некоја од двете партии од македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, за нивно спроведување на...

Груевски: Ако ДУИ ја изигра ВМРО-ДПМНЕ и оди со СДСМ, тоа ќе има последици во иднина

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во ново интервју, овојпат за утрешниот број на „Дневник“, вели дека ќе се обиде да формира влада, но не по секоја цена. Во однос на мислењето дека се создава атмосфера албанските партии да не коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, Груевски вели дека одлуката е на самите партии и оти никој нема право да каже дека некој друг му...

НДМ: Албанија и Косово со сеалбанската платформа ѝ објавија војна на Македонија

Народно движење за Македонија денеска изрази длабока загриженост и силно ја осуди вклученоста на Албанија и на Косово во донесувањето на т.н. сеалбанска платформа која повикува на редефинирање на уставниот поредок на Македонија. „Ова особено добива сериозност ако се знае дека според правилата на општото меѓународно задолжително право, ваквиот атак на Албанија и на Косово спрема македонскиот суверенитет и интегритет...

Aлбанската политичка платформа е уцена и ја негира унитарноста на Македонија, смета ТМРО

Заедничката платформа на ДУИ, Беса и на Алијанса за Албанците претставува уцена, оцени денеска ТМРО и ги повика сите политички партии на Македонците да ја отфрлат платформата на албанските партии. „Таканаречената aлбанска политичка платформа за учество во сегашна или идна македонска влада, за ТМРО е уцена до македонскиот народ и до македонската држава со јасна провокативна божиќна порака - или двојазична...

Заедничката платформа на албанските партии во Македонија е историски чекор, оцени Рама

Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави и ја оцени како историска вчера објавената заедничка платформа на албанските партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците, за преговорите за формирање на македонска влада. „Историски чекор за изразување на волјата на Албанците во Македонија. За правата на Албанците, а не преговори за владини фотелји“, напиша Рама на својата страница на „Фејсбук“. Лидерите...

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...