fbpx

Aлбанската политичка платформа е уцена и ја негира унитарноста на Македонија, смета ТМРО

-

Заедничката платформа на ДУИ, Беса и на Алијанса за Албанците претставува уцена, оцени денеска ТМРО и ги повика сите политички партии на Македонците да ја отфрлат платформата на албанските партии.

„Таканаречената aлбанска политичка платформа за учество во сегашна или идна македонска влада, за ТМРО е уцена до македонскиот народ и до македонската држава со јасна провокативна божиќна порака – или двојазична федерација или војна. Дадените политички координати од Тирана го отвораат и правото на реципроцитет помеѓу овие две држави за малцинствата“, стои во соопштението на партијата.

Претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански, смета дека впуштање во какви било политички калкулации со ваква платформа од која било македонска партија е национално предавство.

„Ваквиот ултиматум, со заедничка платформа од сите политички претставници и на Македонците, но и на Ромите, Турците, Власите, Бошњаците, треба веднаш да се отфрли, со оглед на неговиот антиуставен карактер, кој ја негира унитарноста на Република Македонија“, вели Шехтански во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...