fbpx

ДИК го бара записникот од гласачко место 2.011 да утврди кога исчезнало гласачкото ливче

-

Државната изборна комисија почна да постапува по приговорите на СДСМ за гласањето на одредени избирачки места и долго расправа по првиот, од вкупно осумте приговори, кој се однесува на избирачко место број 2.011 во шестата изборна единица.

На ова гласачко место, според приговорот на СДСМ, на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот при пребројувањето на гласовите, било најдено во избирачката кутија.

Во ваква ситуација, во согласност со Изборниот законик, избирачкиот одбор не требало да почне со процесот на гласањето поради недостиг на изборен материјал. Иако забелешката дека недостига ливче од членовите на избирачкиот одбор е во записникот, гласањето, сепак, било спроведено до крај.

Членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев, вели дека приговорот за ова избирачко место е основан.

– Пред почнување на гласањето избирачкиот одбор констатирал дека недостига гласачко ливче. Затоа ја известиле и Општинската изборна комисија. Сепак, гласањето продолжило, што е класична повреда на изборниот законик – додаде Милев.

Членката на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, вели дека тука нема ништо спорно бидејќи ливчето, на крај, сепак било пронајдено во кутијата.

Членовите на ДИК побараа да се види записникот број 15 за да се утврди дали ова ливче недостигало пред гласањето или откако тоа почнало.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...