fbpx

Изборите ќе донесат промени, гласајте слободно, порача Заев на завршниот митинг

-

Во општина Гази Баба, СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија ја заокружија кампањата за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вети дека изборите ќе донесат промени и ги поттикна граѓаните да гласаат слободно.

– На 11 декември ќе се слави и живот и слобода и демократија и правда. Не ќе има кантонизации и федерализации, туку конфисакции, а ВМРО-ДПМНЕ нема да освои повеќе од 43 пратеници. Ние, не бараме 63 пратеници, ние бараме глас од секој слободоумен граѓанин, за живот на сите граѓани, за добра иднина за нашата Македонија – рече Заев.

Претходно Заев на митингот на коалицијата во Арачиново рече дека граѓаните на Македонија испишуваат историја и дека заедно сплотени избираат живот.

– Ова големо присуство овде покажува дека заедно испишуваме историја. Нека пукнат Груевски и Ахмети, го распукавме режимот, прснат е на парчиња, затоа што сме единствени, сплотени и заедно ќе им покажеме дека може да има заеднички живот во Република Македонија. Младите ни се иселуваат. Исто боли солзата и на мајката Македонка и на мајката Албанка. Измислуваат федерализација и кантонизација. Лажат! Ќе има конфискација, сè што ви украдоа, сè ќе ви вратат – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...