fbpx

(ВИДЕО) Палестински министер почина после судирите со израелската војска

-

Зиад Сабу Зеин, министер во Палестинската управа на Махмуд Абас, денеска почина откако израелските војници го туркаа и го удираа за време на протестите на Западниот Брег, соопштија лекарите.

Брзата помош го собра Зеин, министер без портфељ, од местото на конфликтот, но тој починал на пат кон болницата во Рамала. Снимка од судирите, кои почнаа откако палестинските демонстранти ги нападнаа вооружените израелски војници, може да се погледне на страницата на „Дејли мирор“.

Не се открива што Зеин правел меѓу демонстрантите кои се судрија со израелската војска.
Претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас, ја нарече смртта на Зеин „варварство“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...