fbpx

Трамп го назначи Пенс за шеф за транзиција

-

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го именуваше за шеф за транзиција на администрацијата својот кандидат за потпретседател Мајк Пенс, познат по добрите врски во Вашингтон.

Досега оваа функција ја извршуваше гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи.

Повикувајќи се на неколку извори блиски со тимот за транзиција на Трамп, „Њујорк тајмс“ наведува дека новоизбраниот претседател рекол оти сака да ги искористи контактите на Пенс за непречено да се одвива процесот на транзиција.
Телевизиската мрежа „Ен-би-си њуз“ исто така јави за оваа промена, која се случи откако двајца поранешни соработници на Кристи беа прогласени за виновни во скандалот „Бриџгејт“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...