fbpx

Во 5 до 12, партиите пак ќе потпишат Кодекс за ненасилство

-

Политичките партии денеска во 5 минути до 12 часот ќе го потпишат Кодексот за превенција од насилство за време на парламентарните избори 2016 година што го изработи Проектот „Превенција за време на избори 2016“.

Како што информира раководителот на проектот, Нелко Нелковски, кодексот се состои од пет принципи: мир, ненасилство, комуникативност, соработка и позитивно дејствување.

– Партиите потписнички се обврзуваат да го почитуваат Кодексот за мирен изборен процес на престојните парламентарни избори на 11 декември, во периодот пред одржување на изборите, за време на кампањата, на изборниот ден и по завршување на изборите и да го отфрлат и да го осудат секое насилство. Покрај тоа, се обврзуваат да споделуваат информации кои се од значење за граѓаните вклучени во парламентарните избори, како и за соработка со државните институциите, сите политички партии, невладини организации и меѓународните организации вклучени во изборниот процес во насока на превенција од насилство на изборите – вели Нелковски.

Тој прецизира дека потписничките на кодексот се обврзуваат и за позитивно однесување, како и да водат грижа за животот, здравјето и за безбедноста на граѓаните вклучени во изборниот процес во рамките на спроведувањето на сите партиски активности.

Кодекс за ненасилство политичките партии потпишуваат пред секој изборен процес. Сепак, тоа и не ги спречуваше да работат и да функционираат популистички и според свои убедувања, а на моменти и со насилство. Годинава, пак,  изборниот процес ќе биде под засилен надзор, што остава помалку простор за насилство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Европската комисија исплати 50 милиони евра финансиска помош за Северна Македонија

Европската Комисија оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата. Помошта обезбедува...