fbpx

Трамп пристигна во Вашингтон на средба со Обама

-

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска допатува во Вашингтон каде ќе има средба со претседателот во заминување, Барак Обама, во Белата куќа.

Трамп попладнево слетал на аеродромот „Роналд Реган“ во округот Арлигтон во Вирџинија, а неговата посета, која е на покана на Обама, е дел од транзициониот период за примопредавање на власта меѓу демократите и републиканците.

Средба со својот наследник Мајк Пенс, ќе има и потпретседателот на САД во заминување Џо Бајден.

Шефот на транзициониот тим на Трамп, гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, денеска отвори нова интернет-страница (greatagain.gov) и нов профил на „Твитер“ (@transition2017), на кои меѓу другите содржини има и податоци од биографијата на Доналд Трамп и информации за неговите планови во политиката.

Инаугурацијата и положувањето заклетва на Трамп како 45. претседател на САД ќе се одржи на 20 јануари следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега,...